Фогат стигна до финалната борба за злато во категоријата до 50 килограми, но не го помина мерењето пред борбата и наместо медал, таа е дисквалификувана и тоа за само 150 грама повеќе.
Сара Хилдебранд без борба стана олимписка шампионка.
На патот до финалето Индијката направи вистинска сензација откако ја совлада Јапонката Јуи Сусаки која е убедливо најдоминантната борачка во оваа категорија, сопственичка на златото од Токио каде не загуби ниту еден бод.
Фогат во вторникот видела дека има два килограми повеќе и во текот на ноќта се обидувала да ги симне. Цела ноќ џогирала, возела статички велосипед, но не успеала да дојде до бараната тежина за само 150 грама.
Како последица на напорното обидување да ја симне килажата, се онесвестила поради дехидрација и била пренесена во болница во Париз.