Македонската репрезентација во борење денеска замина на подготовки во Софија, Бугарија.
Во составот на репрезентацијата се Бобан Савев, Елмедин Сејфулау, Риад Реџепи и Рамадан Мустафовски, а во Софија ќе им се придружи и Владимир Егоров. Тие ќе бидат предводени од тренерот на репрезентацијата Лузлим Вренези.
По подготовките ќе заминат на силниот Меѓународен турнир „Дан Колов“.
Ipon.mk/В.Д.