Борачите, тренерите и раководството на Олимпија утре ќе протестираат на улица

Борачите, тренерите, раководството и пријателите на клубот на БК Олимпија – Штип утре ќе протестираат на улица, за да го го изразат незадоволството кон институциите. Мирниот протест е со почеток во во 12:30 часот на плоштадот „Слобода“ во Штип.

„Ве известуваме дека после сите поднесени барања и искористени правни мханизми до Агенцијата спорт и млади и Федерација за боречки спортови, како и разговорите со одредени членови на Олимпискиот комитет, во врска со неоснованата суспензија и дискриминација од страна на Боречката федерација. Секако и немањето желба од страна на водечките на истите за изнаоѓање на решение на проблемот, приморани сме да ја искористиме и непопуларната последна мерка, тоа е протестот на улица, со кој сакаме јавно да го изразиме незадоволството кон институциите.

Затоа сакаме да ги известиме спортските боречки клубови,сите спортски колективи, граѓаните, целата македонска спортска јавност, љубителите на борењето, студентите, средношколците, учениците, сите релевантни инстиуции кој се вклучени во системот спорт, спортските федерации, амбасадите во Македонија,невладините здруженија дека на ден 07.04.2022 година во 12.30 часот ќе одржиме мирен протест. Ги повикуваме на плоштадот „Слобода“ во Штип од каде ќе испратиме јавна порака дека нема да застанеме додека не излезе правдата на виделина“, рече во обраќањето до медиумите претседателот на Олимпија Марјан Атанасов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON