На Европскиот шампионат за деца во Белград, Србија, нашите претставници денеска немаа многу среќа. Зулфуки Асани (-38 кг) забележа победа и пораз и стигна до четвртфиналето од 38 килограми.
Бесир Алили (-35 кг) и Ермал Рамани (-66 кг) исто така се поразени .
Филип Тасев (-53 кг) и Аид Салихаси (-47 кг) забележаа по една победа.
Тренерите Суфијан Исмаили и Давор Тасев очекуваат остнатите репрезентативци да прикажат добри борби.
За Македонија ќе настапат:
Бесар Алили (-35 кг)
Стефан Штерјов (-35 кг)
Зулфуки Асани (-38 кг)
Аид Салихаси (-47 кг)
Филип Тасев (-53 кг)
Ермал Рамани (-66 кг)
Ненад Панов (-42 кг)
Олгица Коцева (-52 кг)
Бојана Лазаревска (-57 кг).
Ipon.mk/В.Д.