Од утре до 16 октомври се одржува Балканското првенство во борење за пионери во Бурса, Турција, на кое ќе настапи и Македонија.
Нашата земја ќе ја претставуваат повеќе борачи од Тефејуз, Лирија, Блакнец, Бучим, Студеничани, под водтсво на Назми Али од Тефејуз. Тој е најзаслужен што нашите репрезентативци патуваат за Бурса, бидејчи на негова молба Турската федерација во борење ги обезбедила авионските карти.
Во Бурса боите на Македонија ќе ги бранат: Бесир Алили 32 кг, Зулљуфли Асани 35 кг, Ертан Џафери 53 кг, Адем Асани 66 кг, Аид Салихаси 42 кг, Јусуф Пајазити 85 кг, Авди Јашари 38 кг, Давид Мишев 57 кг и Стефан Димитров 53 кг.
Ipon.mk/В.Д.