Борачите на Олимпија на викенд подготовки во Софија, клубот доби донација душек

Борачите на Олимпија се на викенд подготовки кај ЦСКА во Софија, Бугарија.

На подоготовки се борачите Филип Тодоров, Леон Стојанов, Лука Николов, Анастасија Трајчевска и Андреа Нисева, предводени од тренерите Гордан Николов и Кире Нисев.

Од друга страна, Олмпија вчера доби донација боречки душек бугарската амбасада, награда за освоениот европски бронзен медал од Андреа Нисева во Капошвар, Унгарија, во 2023 година. А парична награда добија Андреа Нисева и тренерите за вложениот труд кој придонесе за високата позиција на оваа млада надежна спортистка на минатогодишното Европско првенство.

Душекот ќе послужи за развој на младите во спортот во боречките вештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО