Македонските репрезентативци во борење ќе настапат на контролни турнири пред Светското сениорско првенство во неолимписки категории што ќе се одржи во Тирана, Албанија, од 28 до 31 октомври.
Селекторот Бобан Данов информира дека од 30 септември до 2 октомври репрезентативецот Ахмед Могамедов ќе настапи на турнир во Владикафказ, Русија, како подготовка за СП, а Вероника Рјабоволова од денес настапува на турнир во Хравтска.
Нашата репрезентацијата на СП ќе настапи во следниот состав: 61 кг Бесир Алили, 70 кг Фати Вејсели, 78кг Ахмед Могамедов и 92 Реџеп Ајдари, како и Вероника Рјаболова.