Борачите и на – 18 тренираат пеколно, селекторот Вренези задоволен од формата

borenje reprezentacija na - 18 Teteven

Македонските репрезентативци во борење слободен стил веќе десетина дена се на подготовки во бугарскиот спорстки центри „Тетевен“ и „Белмекен“, а темпертаурите по нулата не ги спречија во реализицаијата на зацртаните програми. На минус 18 степени му се рдауваа на снегот, покажаувајќи деак се подготвени да се соочат со сите предивци во квалификациите за Олимиписките игри 2016 гоидна во Рио.

„Многу сум задоволен од формата на Дејан Митров, посебно по она што го демонстрираше на контролните борби. Мислам дека критиките кои беа упатени кон него по Светското првенство имаа позитино влијание. Сега турбо тренира и е многу сериозен. Има повеќе од шест спаринг партнери. Деновиве имаа по шест контролни борби. Нема повреди, тоа е најважно во овој момент“, изјави за Ipon.mk селекторот Лулзим Вренези.

Тој истакнува дека полека се постигнува целта за топ форма на нашите борачи, а за тоа придонес има максималната дисципилна. И во наредните денови ќе се продолжи со истиот интензитет на тренинзи.

На подготовки во Тетевен се: Дејан Митров, Јасин Реџелари, Елмедин Сејфулаху, Иван Јанев и Менка Стојановска, под раководство на селекторот Лулзим Вренези и координаторот Страшо Глигоров. Натурализираните борачи Лабазан Аскербиев и Могомедгаџи Нуров се во спортскиот центар „Белмекен“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON