Со вчерашниот настап на Вероника Рјабовлова во женска конкуренција заврши настапот на нашата репрезентација на Светското првенство во борење во Белград, Србија. Рјабоволова загуби 0-10 од Нигеријката Џенезис во квалификациите.
Билансот на македонските борачи е 4 победи и 10 порази. Само Расул Шапиев забележа две победи во континуитет, а Ахмад Магомедов оставри победа во репасаж, но му недостигаше уште една успешна борба за да може да се бори за бронзениот медал.
Така, олимписка норма ќе мора да се брка на другите турнири.
Најголемото изненадување на шампионатот го направи Ахмед Тажудинов од Бахреин кој стана светски шампион со победата во финалето над Магомедхан Магомедов од Азербејџан со 8-1. Големите подвизи Тажудинов го направи во четвртфиналето и во полуфиналето. Во четвртфиналето славеше против големиот Кајл Снајдер (САД) со 11-0, а во полуфиналето го совлада олипискиот и светски шампион Абдулрашид Садулаев од Русија кој настапува со неутрален статус 9-2. Иако стигна вест дека Садуалев е повреден, патем го предаде мечот за бронза против големиот ривал Кајл Снајдер од САД, успехот на Тажудинов е заслужен, бидејќи покажа големо мајсторство на душекот.
Резултати СП:
61 кг
Бесир Алили – Џозеф Андрес Силва (Порторико) 2-3
70 кг
Фати Вејсели – Мајкл Стенли Аселстине (Канада) 7-0
Фати Вејсели – Арман Андерсјан (Ерменија) 2-5
86 кг
Дејан Митров – Сандип Синг Мен 0-10
57 кг
Владимир Егоров – Роберти Дингашвили (Грузија) 4-2
Владимир Егоров – Арсен Харутјунан (Ерменија) 0-11
74 кг
Расул Шапиев – Сеунгчул Ли (Кореа) 8-0
Расул Шапиев – Инајат Улах (Пакистан) 3-2
Расул Шапиев – Таимураз Слаказанов (Словачка) 3-4
79 кг
Ахмад Магомедов – Ахмед Усманов (неутрален) 2-3
Репасаж
Ахмад Магомедов –Мор Сахим 16-6
Ахмад Магомедов – Мохамад Нокодиларми (Иран) 1-5
97кг
Магомедгаџи Нуров – Гиви Мачарашвили (Грузија) 4-5
50 кг
Вероника Рјабоволова –Миесинеи Џенезис (Нигерија) 0-10