Борачот од Индија, Јогешвар Дут поради смртта на Русинот Бесик Кудоков, одби да го земе сребрениот медал од Олимписките игри во Лондон во 2012 година, затоа што беше утврдено дека бил позитивен на допинг. Од овие причини ИОК дополнително му го додели медалот на неговиот противник, Индиецот Дут.
Индискиот борач во полуфиналната борба во категоријата до 60 кг загуби од Кудуков, кој потоа го освои сребрениот медал, а Дут победи во борбата за бронзата.
Сепак, животна драма поинаку ги „подели“ олимписките медали. Кудуков загина во сообраќајна несреќа во 2013 година, а на обдукцијата се покажа дека тој настапувал допингуван на сите големи натпреварувања и на ОИ една година пред смртта.
По потврдувањето на позитивниот допинг тест, Меѓународниот олимписки комитет го избриша постигнувањеро на рускиот борач и сребрениот медал автоматски му го додели на Дут.
Но, индискиот олимпиец немал срце и душа да го прифати медалот од својот починат противник и изразил желба тоа олимпискиот медал да остане кај семејството на Кудуков.