Бомбардерот Гоце Јанески (-69 кг) урива се пред себе на „Купот на Бугарија“ во Варна. Денеска негова жртва беше Денис Михаилов, и тоа во првата рунда.
По серија на силни удари во првата рунда судијата ја прекина борбата. Гоце со вториот нокаут за два дена избори полуфинале кое на програмата е утре.
Ова навестува дека Јанески се враќа во старата форма, пред повредата.
Вчера нашиот боксер, кој настапува за ЦСКА од Софија, го нокаутира на почетокот на втората рунда Калоан Раковски.