Бомба од устата на Конор Мек Грегор! Легендарниот Федор Емелијаненко блиску до потпис за БКФЦ

Федор Емелијаненко би можел да биде на пат кон шампионатот во борба со голи раце, барем ако се суди според последните изјави на Конор Мек Грегор. Ирската боречка суперѕвезда, кој и самиот е дел од сопственичката структура на БКФЦ, навести дека легендарниот руски тешкаш би можел да стане дел од се поамбициозната организација.

За време на прес-конференцијата за БКФЦ, Мек Грегор реагираше со посебен ентузијазам кога се споменуваше името на Емелијаненко. Иако не соопшти конкретни детали, неговата загадочна изјава веднаш покрена лавина шпекулации.

„Федор Емелијаненко? Останете во тек, можеби ќе имаме голема објава поврзана со него“, рече Мек Грегор со карактеристична насмевка. „Еј, Федор, те чекаме. Можеби ни доаѓаат големи вести“.

Емелијаненко, еден од најголемите борци во историјата на ММА, последен пат се бореше во февруари 2023 година, кога Рајан Бадер го запре со технички нокаут во првата рунда. По тој пораз, легендарниот „Последент император“ најави повлекување од спортот, но оттогаш се шират гласини за можен камбек, пред се во боксот. Сега, сепак, се чини дека неговиот следен чекор може да биде нешто сосема неочекувано – влез во светот на голораките борби.

БКФЦ се етаблира во последниве години како организација која привлекува големи боречки имиња, а потпишувањето на Емелијаненко би било можеби најголемиот улов до сега. Неговата репутација, наследство и иконски статус во боречките спортови совршено би се вклопиле со имиџот на организација која постојано ги поместува границите.

Ако договорот навистина се оствари, дебито на Емелијаненко во БКФЦ ќе биде еден од најочекуваните моменти во светот на боречките вештини, а прашањето со кого би се борел веќе отвора бројни можности. Во боречките спортови ништо не е сигурно додека не се потпише договор, но едно е сигурно – идејата на Федор во светот на борбите со „голи раце“ ќе одекне надалеку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО