Болно: Мејведер со количка пренесува вреќи со пари (ВИДЕО)

И додека преговара со Конор Мек Грегор за боксерскиот супер меч кој би требало да се одржи оваа есен, Флојд Мејведер не запира со своите деловни потфати. Овие денови, имено, отворил нов клуб „Грл колекшн“ во Лас Вегас.

Се работи за клуб за мажи кој ги нуди, според нивната реклама, најдобрите егзотична танчарки од Вегас, но исто така и од други земји.

Но, во овој текст нема да се занимаваме со клубот, туку со видеото кое го објави Флојд во пресрет на отворањето. На него, заедно со тројца блиски соработници, пренесува буквално торби со пари на подвижна количка, а потоа ги трупа во багажникот на автомобилот. Тешко е да се процени за колкави суми се работи, но во зависност од износот на банкноти јасно е дека просечниот човек не може тоа да го заработи во неколку животи. Затоа го нарекуваат „Пари/ The Money “ …

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON