Според најновото рангирање на најдобрите боксери во супер тешка категорија на престижното издание Boxing News, број еден е Tајсон Фјури, кој кон крајот на минатата година го совлада Владимир Кличко и го симна од боксерскиот трон. Украинецот е на второ место, а трет е шампионот во верзијата на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, а четврт е европскиот шампион Кубрат Пулев. Потоа следат Луис Ортиз, Ентони Џошуа, Бермејн Стиворн, Џозеф Паркер, Карлос Такам и Французинот Јован Дјуопа, кој го затвора топ 10.