Диего Аруа, аргентински боксерски тренер, почина од срцев удар додека и помагаше на својата сопруга Сабрина Перез во нејзината борба против Сајк Николсон во Тихуана, Мексико. Борбата меѓу двете жени беше за привремената титула на ВБЦ.
За време на борбата Аруа колабирал покрај боксерскиот ринг, токму на паузата меѓу деветтата и десетата рунда. Медицинскиот персонал требаше брзо да реагира, и беа потребни нешто повеќе од пет минути за да донесат носилка и да ги ослободи присутните, а да го пренесат на безбедно.
Аруа бил пренесен со брза помош во болница во Тихуана. Бенџамин Сандовал, докторот на боксерската комисија во Тихуана, потврди дека Аруа доживеал срцев удар.
„За жал, тој не преживеа“, потврди Маурицио Сулејман, претседател на Светскиот боксерски совет (ВБЦ).
Сабрина Перез ја загуби борбата со едногласна одлука – 99-91, 98-92 и 97-93. Перез не беше во рингот кога се читаше конечниот резултат.
Diego Arua, the coach of Sabrina Perez, tragically suffered a fatal heart attack following her defeat to Skye Nicolson for the WBC interim title eralier today. Diego Arua passed away in hospital a short time later. RIP 🙏 pic.twitter.com/T2BkqV90Po
— Kayovid (@Kayovids) September 16, 2023