Боксерската федерација на Македонија (БФМ) на 3 март во хотелот Ваго во Штип ќе одржи семинар на тема: „Обработка на технички правила и правилата за натпреварување во бокс на АИБА“.
Предавач на семинарот е Драгољуб Радовиќ – лиценциран супервизор на АИБА од Србија.
Учесници на семинарот ќе бидат стручните лица во боксерскиот спорт – тренери на клубовите, судии при БФМ. Од БФМ нагласуваат дека присуството е задолжително, затоа што само присутните ќе бидат вклучени во натпреварите од лига системот на екипното првенство, поединечните првенства и други натпревари – ревии, турнири во боксерскиот спорт во Македонија.
Покрај ова ќе стане збор и за системот на натпревари во боксерскиот спорт – лига системот во 2018 година. Потоа за лекарските прегледи, правото, постапките, санацијата на повреди и одлуки на дежурен Лекар за време на натпревар ќе говори д-р Ѓорѓи Стојчев, додека за годишниот контролен тест на судиите презентери се Петре Неделковски и Драгољуб Радовиќ.
Ipon.mk