Боксерската федерација на Македонија (БФМ) денес одржа работна седница на која беа усвоени повеќе точки за тргнување на боксот од нултата позиција.
Договорено е да има лига и неколку ревии, а оние во периодот пред Златниот гонг ќе ги селектираат боксерите за настап во репрезентативниот дрес на оваа врвна манифестација. Од друга страна, да се инсталира по еден ринг во неколку градови во Македонија со што ќе се помогне во промоцијата и популаризацијата на благордоната вештина, а и ќе се намалат трошоците за организација на првенствени мечеви и на турнири. Федерацијата ги презема трошоците и за судиите и за ринговите на сите настапи во земјава.
Понудена е нацрт-програма за развој на боксот и за разрешување на долговите, а се предлагаат и кадровски доекипирања.
Ipon.mk/В.Д.