Боксерската федерација на Македонија додели опрема на 27 активни клубови членки на Федерацијата.
Опремата се состои од вреќи, ракавици за тренинг, суспензори, заштитни гуми за заби, ластици и јажиња за вежбање, средство за дезинфекција…
„БФМ се грижи за развојот на боксот во државата, со цел унапредување на боксерскиот спорт, на активните клубови им додели спортска опрема за тренинг“, истакнуваат од БФМ.
Опрема добија следните клубови:
Аперкат, Универзалци, Чаир, Тернипе, Шкупи, Јордан Мијалков, Центар, 10-60, Нокаут, Баргала, Пинк пантер тим, Фамилија Демирови, Борец, Ас, Пелистер 2007, Алексо Огненовски, Синди, Шкендија но лимит, Шкендија бокс, Фајтер илери, Куманово 84, Волвс арена, Голден фист, Илинден, Чигра бокс, Тигар МБМ и Медитеран.