Боксерска федерација на Македонија распишува јавен конкурс за национални боксерски судии врз основа на одлуката донесена на Управниот одбор на 17 јануари оваа година
Канидатите за судии треба да ги исполнуваат следните критериуми:
-да е поранешен боксер или да има познавање од спортот (боксот);
-да има завршено најмалку средно образование или по можност висока стручна спрема;
-познавање на англискиот јазик
-кандидатите за национален судија да не се помлади од 23 години.
Кандидатите за судии своето ЦВ или кратка биографија ќе може да ја достават или пратат на е-маил адресата на Националната боксерска федерација [email protected] најдоцна до 1 март 2025 година.