Боксерската федерација ги награди освојувачите на медали на Балканското првенство за млади и на Златна ракавица

Националната боксерска федерација ги награди освојувачите на медали на Балканското првенство за млади во Романија и на силниот Меѓународен турнир „Златна ракавица“ во Чачак, Србија.

На Балканското првенство во Рамницу Валцеа Македонија освои 4 медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени. Златен медал освои Бајрам Мамутовски кој извојува две победи, а Ери Хани сребрен, додека Адријан и Ружди Рустемовски се закитија со бронзени.

Ален Рустемовски го освои златниот медал на Златната ракавица, во финалето славеше 2-1 против Русинот Евгени Лјашков, при што прикажаа одлична бокс претстава.

„Националната Боксерска Федерација гордо ги одбележува нашите незаменливи шампиони! Гордо ги одбележува нашите незаменливи шампиони!

Во знак на признание и почит, ние ги наградуваме нашите амбасадори на боксот со финансиска поддршка за нивниот голем успех и за освоените медали на Балканското првенство – Романија и Златната ракавица – Србија.

Им посакуваме поголеми спектакуларни победи и убави моменти на нашите репрезентативци“, пишува на страницата на Боксерската федерација на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON