Денеска Боксерската федерација на Македонија ги порогласи најдобрите за 2021 година, при што Јасин Лама е избран за најдобар боксер сениор.
Лама е освојувач на бронзениот медал на Балканското првенство, златен медал на „Златен гонг“ и учесник на Светско сениорско првенсто, каде што извојува една победа.
Ардијан Аземи е најдобар младински боксер кој учествуваше на Еевропското и Светското первенство за младинци. На СП во првата борба со Хорхе Фелимон од Куба и златен медалист, остави одличен впечаток, при што Кубанецот подоцна од никого не изгуби рунда и не добио таков отпор како од нашиот боксер.
Петре Неделковски е најдобар судија, учесник на меѓународни АИБА турнири, Регионалната боксерска лига, Балканско первенство и други манифетсации.
„Иако ова година немавме некој голем успех на европски и светски првенства, сепак, го одбележуваме овој настан, како и секоја година доделувавме пехари за најдобрите кои не преставуваа на меѓунардната сцена, како на европско, така и на светски натпревари“,изјави од потпреседателот на Боксерската федерација на Македонија Фатон Салиху.