Боксерот Амир Кан ги потврди плановите дека стартува ММА лигата на територијата на Велика Британија.
Така наречената Super Fight League треба да тргне следната година, а ќе учествуваат осум екипи од цела Британија.
„ММА е голем и станува уште поголем“, изјави Кан за Би Би Си.
„Борци како Конор Мек Грегор креваат многу врева околу себе. Секогаш ќе бидам вовлечен во боксот, но да го преминам прагот и на ММА, едноставно, е брилијантно за мене“.
„Пазарот е голем. Сакаме да стигнеме и во земји како Индија, каде што живеат 1,2 милијарди луѓе“.
30-годишниот Кан кој преговара за меч со Кел Брук во 2017 година, има акции во индиската Super Fight League.
Тој зборува и за евентуален меч со Кел Брук:
„Ова е средба која би сакал да одработам. Го променив мислењето поради неговиот дуел со ГГГ. Тој постапи умно, што го прифати овој меч. Знаеше дека ќе биде претепан, но и покрај тоа се согласи да се бори, бидејќи знаеше дека ќе му биде добро платено и ќе работи за своето име“.