Боксерка си го покажа деформираното лице по борба, прекината поради судир (ВИДЕО)

Германската боксерка Чејен „Пепер“ Хансон (23) го покажа деформираното лице по борбата со Украинката Алина Заицева (23).

Германката објави фотографии од лицето пред и по борбата. Фотографијата по тепачката покажува како и е отечена целата лева страна на главата. Хансон не се здобила со повредата од ударите, туку таа и Заицева се судриле директно со главите за време на борбата.

Борбата била прекината по оваа повреда, а победата и припаднала на Германката, која имала голема предност на бодови кај судиите во моментот на прекинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON