Македонската јуниорска репрезентација ќе учествува Меѓународниот боксерски турнир „Јуниорска Златна ракавица“ кој ќе се одржи од 5 до 7 декември во Лесковац, Србија.
Во составот на македонската репрезентација се : Димитар Огненоски , Адријан Џемаили, Бујар Сали и Александар Ристовски , а ќе ги предводи тренерот Васко Цубалевски.
Со репрезентацијата ќе патува и судијката Радмила Симевска.
Тренерот Цубалевски очеку успех на овој турнир, на кој боксерите ќе се борат за трофејот – најдобар јуниор.