Натпреварувачите на боксерскиот турнир на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во текот на летото ќе бидат без кациги за време на натпреварите, соопштува сајтот на AIBA.
Така за прв пат по 32 години боксерите нема да користат заштитните кациги на Олимписките игри.
Претходно претседателот на AIBA, Чин Куо Ву, најави дека на Игрите во Бразил ќе можат да учествуваат и професионалци.
За сајтот на AIBA Ву изјави дека во Централата се задоволни од одлуката за симнување на кацигите е дочекана и од натпреварувачите и од навивачите ширум светот со воодушевување.