Боксер си го откупи договорт за 1 милион долари од Оскар де ла Хоја

Luis Ortiz so pojas

Преодниот шампион на Светската боксерска асоцијација во тешка категорија, Луис Ортиз (Куба), си го откупи договорот од компанијата на Оскар де ла Хоја – „Голден бој промоушнс“.

Кубанскиот нокаутер ги саботира сите преговори за неговиот следен меч, кои беа иницирани од компанијата. Како резултат на тоа „Голден бој промоушнс“ се согласи да го прекине договорот со Ортиз за одредена сума.

37-годишниот боксер има 25 победи (22 со нокаут) и ниту еден пораз. Во оваа година тој одби да се бори со Тони Томпсон – Тигар и се зборуваше дека ќе има средба со Александар Устинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON