Неколку дена по победата со нокаут во рингот, Реџс Прогре стана предмет на сериозни критики на социјалните мрежи, поради тоа што 31-годишниот Американец објави видео на кое се гледа како неговата сопруга се породува дома.
Прогре напиша дека тоа е незаборавно искуство, но за обожавателите повеќе го отвораа статусот за да ја гледаат неговата сопруга како се породува во вода.
Инстаграм го заклучи видеото и пред да го погледне, предупреди дека има графичка или насилна содржина. Прогре има учинок од 25-1 во боксот и нокаутира 21 свој ривал. Тој е поранешен шампион во суперлесна категорија на ВБА и на ВБЦ.