Мечот за титулата во тешка категорија на Јужна Африка меѓу Руан Висер и Тјан Фик не се одржа поради несмасно монтираниот ринг.
Висер се потпре на јажињата, кои беа поставени ниско и многу незгодно, паѓајќи од рингот и се здоби со полесни повреди, кои го спречија да боксира. Така, мечот беше откажан, а резилот остана на организаторите.