Боксерската репрезентацијата се подготвува на Златибор за Балканското првенство

Македонската боксерска репрезентација активно работи и се подготвува на Златибор, Србија, во пресрет на Балканското боксерско првенство кое ќе се одржи во Лозница и ќе започне на 18-ти ноември.

На заедничките подготоки, на кои домаќин е Боксерскиот сојуз на Србија, нашите репрезентативци се подготвуваат заедно со боксерите на домашната селекција, Украина и Молдавија.

Боите на македонскиот национален тим на оваа регионално натпреварување ќе ги бранат Лука Трифуновиќ, Ален Рустемовски, Ружди Рустемовски, Ардијан Рустемовски, Наум Стојановски, Енис Алиу, Димитар Ѓоревски, Стефан Петрушевски, Туран Демиров, Сонер Ајрушев, Ебуталип Агушев и Тарик Весели.

Македонија на Балканското првенство ќе ја предводат тренерите Владимир Цекиќ и Тархан Демиров.

Во официјалната делегација на Боксерската федерација на Македонија ќе биде и ИБА судијата со две ѕвезди Стефан Цубалевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON