Бокс федерацијата на Македонија даде отчет за 2017 година (ФОТО)

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) денеска во Скопје го одржа годишното Собрание,  при што на дневен ред се најдоа: извештај за работа со финансиски извештај за 2017 на БФМ: прием на нови клубови, програмата за работа за 2018 година и календарот за натпревари за оваагодина.

Престседателот на БФМ, Игор Златков, истакна дека во 2017 година Федерацијата имала  приходи од 22.989.504 денари (374.422 евра) и најголем дел се од Агенцијата за млади и спорт (АМС) 19.380.000 денари кои се обезбедни со одлука на поранешниот состав на Владата. Додека расходите се во висина од 8.765.632 денари (142.763 евра), при што најмногу пари се одлеале за извршни судски решенија и исплатата на отштетата на семјството Неделковски 3.045.000 денари. На расходи за Лигата, осигурувања и лекарски прегледи на сите боксери 1.868.285 денари, па за заостанати плати на секретарот на Федерацијата кои по автоматизам се наплатени од УЈП 1.529.726 денари. За Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ се искористени 516.892 денари, додека за реализација на домашната програма се потрошени 112.529 денари, а за меѓународната 520.603, а за подготовки на репрезентацијата 253.341.

Надзорниот одбор го прифати извештајот, а претседателот Вели Мумин рече дека е во склад со заложбите на Федерацијата, со забелешка дека треба да се обрне поголемо внимание на меѓународната програма.

Делегатите прашуваа што станало со ветувањата за доделување опрема на клубовите, за што пртеседателот Златков и потпреседателот Благој Донев рекоа дека сакале да имаат целосен увид со колку боксери располагаат клубовите и дека нема да се расфрлаат, односно парите ќе бидат трошени економично. Но и дека поделиле опрема на сите натпреварувачи во лигата и се исплаќани парични средства за учеството во ова натпреварување.

„Додека не има резултати, нема донација“, рекоа од претеседателството. Но, и минатата година немало време да се спроведе тендер.

Во БФМ се примени четири нови клубови: Куманово 84, Центар, Алексо Огненовски и Меридијан.

Планирани се семинари за тренери и судии, а првиот ќе се одрѓи на 3 март со супер визорот на АИБА од Белград Драгољуб Радовиќ. Преку  програмата Еразмус плус се добиени средства со кои ќе се направи камп за млади боксери кој треба да го реализираат боксерските федерации на Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во домашната програма покрај Првата и Младинска лига и Државните првенства од годинава ќе има и Детска лига за деца со 13 и 14 години од ревијален карактер, а ќе се организира и Првенство за деца.

Според програмата за за 2018 година е предвиден анстап на наши боксери на Европското првенство за млади сениори (У-22) во Романија, како и учество на турнирите во регионот.

Ако од септември профункционира Регионалната лига во бокс во нов формат, Македонија ќе учествува во о ва натпреварување.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON