Професионалната фајтрес лига (ПФЛ) во Јуниондејл во државата Њујорк го одржа првиот настан од втората сезона.
Велтерашот Бојан Величковиќ (169-9-2) во новата сезона влезе со пораз. „Српскиот челик“ изгуби со едногласно одлука на судиите (3х30-27) од Бразилецот Хендесон Фереира (14-2-1) во првото коло нанатпреварувањето во категоријата од 77 кг.
Минатогодишниот победник на турнирот во велтер Магомед Магомедкеримов (24-5) со гилотина во првата рунда славеше против Џон Хауард (27-15-1).
https://www.facebook.com/watch/?v=2286536261617188
Швеѓанецот Садибу Си со победа во дебито за ПФЛ заседна на првото место на листата на велтерашите. Со удар во телото за само 17 секунди го нокутира Дејвид Мичо (14-5) и освои шест бода (3 за победи + 3 за прекин во првата рунда).
https://www.facebook.com/watch/?v=887517688288843
Во главната борба на вечерта двократната олимписка победничка во џудо Кајла Харисон (4-0) го продолжи успешниот старт на кариерата. 28-годишниот Американка прв пат се бореше до крајот и со едногласна одлука ја совлада Лариса Пачеко (11-3).