Далибор Богданов и во предпоследната борба во оваа сезона извојува победа за својот клуб ЕСВ Минхен-Ост во Обер лигата во Германија.
Богданов настапи во категоријата до 75 килограми во слободен стил и го совлада Роланд Рем со 13-4, додека неговата екипа славеше убедливо против ТСВ Дидорф 45-8.
„И во последната средба да извојуваме победа против ТСВ Вестендорф од идната сезона ќе се натпреваруваме во еден ранг погоре“, изјави Богданов за Ipon.mk.
Ipon.mk/В.Д.