Бобан Илиоски ќе јабрани честа на македонскиот кик бокс на Светското првенство за сениори во Сараево, Босна и Херцеговина, бидејќи само тој денеска славеше од сите наши репрезентативци. Илиоски денеска помина тешка препрека за пласан во четвртфиналето, совладувајќи го со 3-0 Нијат Хејдаров од Азербејџан.
Бобан за влез во полуфиналето го чека уште еден тежок предизвик, а тоа е Србинот Александар Менковиќ.
Се уште не се борел Даниел Митров, так што може да се надеваме дека и тој ќе ги продолжи борбите на СП.
Во попладневниот дел на шампионатот, покрај победата на Илиоски, Дарко Најдов и Роберт Костовски се поразени, а истата судибина претпладне ја доживеаја и Димитар Ѓоргиев и Емир Ибраим.
„Дарко изгуби на поени и поради слаба кондиција, иако во првата рунда го погоди противникот падна и му броеја, а и цела рунда доиминираше . Но, му падна кондицијата и му изедначи и изгуби.
Роберт изгуби на три броења. Го погодија на почеток во ребро, во стара повреда од пред два месеци. Цело време противникот го гаѓаше во повреденото место.
Бобан победи со 3-0. Одлично се покажа кондициски и сите удари му беа одмерени. Не се трошеше непотребно, сите удари му беа поени“, рече селекторот Дејан Митровски – Урко.
Резултати
63,5 кг, лоу кик
Емир Ибраим – Руци Лучјано (Грција) 3-0
Емир Ибраим – Борис Шикунов (Русија) 0-3
-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Љубо Јалови (Србија) 0-3
-57 кг, К-1
Даниел Митров – Максим Казаку (Молдавија) 2.коло
-67 кг, К-1
Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 2.коло 0-3
-71 кг, К-1
Роберт Костовски – Сони Даграед (Белгија) 2.коло 0-3
-81 кг, К-1
Бобан Илиоски – Нијат Хејдаров (Азербејџан) 2.коло 3-0
Бобан Илиоски – Александар Менковиќ (Србија)