Боби Илиоски извојува победа во четвртфиналето на Европското сениорско мај тај првенство во Анталија, Турција.
Илиоски го совлада Омер фарук Каја од Турција со 29-28 (2-1) во категоријата до 86 килограми. Судиите по рунди бодуваа 10-9, 10-9, 9-10.
Бобан се пласира во полуфиналето и обезбеди најмалку боронза, следната борба му е против Јахија Ибрагимов (неутрален), спортист од Белорусија или Русија, на 12 декември.
„На Боби потешко му оди овој стил на борба. Скоро цел дел од борбата е во клинч, а клинчовите не се како во кик боксот, туку со држење каде што има виткање на противникот, фрлање и многу гушкање. Но, Боби борбата ја доби со 2-1. Нема повреди одиме понатаму“, изјави претседателот Дејан Митровски-Урко.