Борачите на Вардар се закитија со пет медали на „Трофеј Победник“ во Белград

На 15-от традиционален боречки турнир „Трофеј Победник” во Белград, Србија, Вардар со 5 борачи освои 5 медали – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени во возрасни категории У-15 и У-17.

Со медали се закитија:

У-15
100 кг Кристијан Мирков – 3 место

У-17
55 кг Виктор Аврамовски – 2 место
60 кг Бранислав Поповиќ – 2 место
80 кг Лука Давитковски – 1 место
92 кг Марко Топузовски – 3 место

Тренер: Дејан Тасев
Тим Лидер: Љубиша Пешко

На турнирот учествуваа 150 борачи од Унгарија, Словачка, БиХ, Црна Гора, Грција, Македонија и Србија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО