Бобан Илиоски загуби од Манасјан на Светските бокс квалификации во Бангкок

Бобан Илиоски (-92 кг) загуби со судиска одлука 0-5 од Нарек Манасјан од Ерменија на Светските бокс квалификации во Бангкок, Тајланд.

Ова беше втор обид на единствениот боксер од Македонија да обезбеди олимписка норма за Париз 2024.

Конкуренцијата е силна, така што тешко се стигнва до норма. Во неговата категорија има 42 боксери.

За да се обезбеди норма потребни се три победи.

Да потсетиме, квалификациите ги организира Меѓународниот олимписки комитет, затоа што ИБА е исфрлена од овој процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО