Бобан Илиоски за европската титула: Пресудна беше целогодишната посветеност и подготовка за турнирот!

Неодамна, пред десетина дена, Бобан Илиоски го освои златниот медал на Европското кик бокс првенство за сениори во Атина, Грција. Илиоски во финалето славеше против европскиот првак Ерик Нивегловски од Полска.

Ова е втора европска титула на Илиоски, бидејќи пред две години во Турција се закити со златен медал.

За борбите на ЕП и за она што следува Бобан раскажа во интевјуто за Ипон.мк.

Кога веќе легнаа работите и од далечина ги анализираш настапите на ЕП. Што беше пресудно во твоите настапи и одбраната на европската титула која ја освои пред две години?

– Пресудна беше мојата целогодишна посветеност и подготовка за турнирот.

Која борбата ти беше потешка, против Гркот Христос Филис или во финалето против Полјакот Ерик Нивегловски?

– Борбата со Гркот заврши со прекин, што значи потешка ми беше финалната борба, поради тоа што се борев 3 рунди.

Имаше срдечен пречек и во црквата Свети Петар и Павле во Лисиче.

– Само што се вратив. Бев на литургија во црквата Свети Петар и Павле во Лисиче. Таму присуствувам секоја недела на литургија и тоа е местото каде ја добивам духовната енергија.

Кога се наредните настапи?

– Следниот месец имам план за уште еден натпревар на државно ниво во бокс.

Ќе има ли одбрана на Светската титула во ВАКО про?

– Сега за сега сè уште не знам дали ќе има и кога, но секако сум подготвен за тоа кога и да е!

Ќе се оствари ли сонот да настапиш во најсилната светска кик бокс организација Глори?

– Ќе направам сè што е во моја можност да стигнам до таму, другото го оставам на Господ!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON