Бобан Илиоски утре излегува на мегдан со Хрватот Борна Манојловиќ во полуфиналето на категоријата до 86 килограми Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.
Илиоски го има победено Манојловиќ со нокаут во ВАКО Про.
Денес Илиоски го совлада Мартин Лоренц од Чешка со 3-0, а Викторија Варадинова Иларија ди Цинито од Италија со 2-1 и се пласираа во полуфиналните борби, а со тоа обезбедија најмалку бронзени медали.
Варадинова утре е слободна.
Попладнево настапија Мите Ашкилов кој загуги од турскиот репрезентативец Селман Јуџел 0-3 и Стефан Михајловски кој се бореше со европскиот првак и поранешен светски шампион Словенцот Блаж Поточник, славеше на поени словенечкиот кикбоксер 0-3.
Резултати Европско првенство:
Лоу кик
-67 кг
Роберт Костовски – Алесандро Капуто (Италија) 0-3
-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 1/2 финале
Кик лајт
-65 кг
Викторија Варадинова – Иларија ди Цинито (Италија) 2-1
Викторија Варадинова – Николет Мезеи (Унгарија) ½ полуфинале
-94 кг
Мите Ашкилов – Селман Јуџел (Турција) 0-3
+94 кг
Стефан Михајловски – Аласгар Бахишов (Азербејџан) 2-0
Стефан Михајловски – Блаж Поточник (Словенија) 0-3