Бобан Илиоски утре во Рим во нов профи боксерски предизвик.
Илиоски ќе се бори против Габриеле Граналди во категоријата до 83 килограми, а борбата е во шест рунди.
И двајцата боксери го минаа мерењето.
„Верувам дека ќе избоксува победа и над овој искусен боксер. Боби одлично се чувствува и е во топ форма и постојан тренинг“, вели тренерот Дејан Митровски – Урко.