Бобан Илиоски утре ќе се бори за појасот на престижниот настан Сенши во Бугарија во фул контакт до 85 килограми.
Илиоски ќе се бори против Полјакот Јакуб Смигиелски кој е 10 години постар од нашиот кикбоксер.
„Добар ден драги мои пријатели и поддржувачи. Сакам да ве известам дека противникот против кого требаше да се борам утре на 9 јули 2022 г. пред една недела се здобил со повреда на раката и ќе биде заменет со Јакуб Смигиелски од Полска. Големо ми е задоволството што се борам за појас на една од најдобрите организации во европа Сенши.
Начинот на кој ке излезам во рингот е посветен за сите браќа и сестри Македонци. Ќе дадам се од себе за појасот да стаса во нашата убава Македонија“, напиша Илиоски на Фејсбук.