Бобан Илиоски (-81 кг) во извонредна борба со прекин во втората рунда го освои првото место во К-1 за сениори на Европскиот куп Србија опен во Белград.
Илисоки во финалето го победи Никола Дробњак од КБК 011 од Србија и денес го освои третиот златен метал за неговиот клуб – Шампион од Скопје, вкупно четврти. Неговото летечко колно беше пресудно да го демолира противникот.
„Презадоволен сум од резултатите на КБК Шампион, се повеќе на турнирите се покажува како најдобар, а тоа, пред се, е резултат на дисциплината и спортскиот режим, како на тренинзите така и надвор од него. Штотуку и почнува кариерата на нашите репрезентативци. Европските купови се мерило на нашите борци до каде се и колку се подготвени. Главното се случува во втората половина на годината, кога се сите европски и светски првенства на кои очекувам врвни резултати“, вели претседателот на Кик боксинг федерацијата на Македонија Дејан Митровски Урко кој доби благодарница од организаторот.
Ipon.mk