Бобан Илиоски (81 кг, А класа) со нокаут во првата рунда ја забележа втората победа на Светското првенство во тајлансдки бокс во Бангкок. Илиоски го совлада Мајкл Брадбери од Велика Британија.
Вчера нашиот репрезентативец славеше против Иранецот Сеједкеиван Солеиманисафаханех 29-28. Така, Бобан е се поблиску до борбите што одлучуваат за распределбата на медалите.
Следен противник на Илиоски е Сутхат Бунчит од Тајланд, а тоа е меч за влез во полуфиналето, што значи најмалку бронзен медал за нашиот репрезентативец. Борбата на програмата е утре.
Вториот наш претставник Мите Ашкилов (86 кг) загуби од Белорусинот Јаухени Ваучок со нокаут во првата рунда.
Да потсетиме дека Илисоки (-81 кг, Б класа) минатата година го освои сребрениот медал на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико.
Ipon.mk