Бобан Илиоски со нокаут во втората рунда го обезбеди вториот бронзен медал за Македонија на Европското сениорско првенство во кик бокс во Братислава, Словачка.
Бобан Илиоски (-81 кг) во најтешката дисциплина – К1 славеше против Хрватот Гај Гошиќ,. Со победата се пласира во полуфиналето каде што го чека Дмитри Баранау од Белорусија. Бронзата е обезбедена, па Илиоски има прилика да ја претвори во сребрен или златен медал со пласман во финалето. На протовникот му броеја три пати – две во прва и едно во втора.
Да потсетиме дека денска порано трикратниот светски првак Димитар Ѓоргиев го обезбеди бронзениот медал со победата над Унал Озлеме (Турција) со 3-0, а во полуфиналето ќе се бори против Србинот Милош Цвјетичанин ќе атакува на финалето.
Ова е добар резултат на нашите претставници, бидејќи отпатуваа само тројца кикбоксери.
Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка
-57 кг, кик лајт
Филип Ризов – Матија Форнаро (Италија) 1/8 финале 1-2
-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале
-81 кг, К1
Бобан Илиоски – Гај Гошиќ (Хрватска) ¼ финале 3-0 (КО, Р2)
Бобан Илиоски – Дмитри Баранау (Белорусија) ½ финале
Ipon.mk