Бобан Илиоски најдобар спортист, а Дејан Митровски – Урко најдобар тренер на Скопје

Кикбоксерот Бобан Илиоски од „Шампион“ е најдобриот спортист на Скопје во избор на Сојузот на спортови на Скопје по повод денот на ослободувањето „13 Ноември“ кој признанието го прими на денешната свеченост во СЦ „Борис Трајковски“.

 

Илиоски признанието го заслужи со две први места на европските купови и едно второ место на светски куп.

Дејан Митровски од Шампион е најдобар тренер, како резултат на неговата работа со Илиоски и Викторија Варадинова.

РК „Вардар“ е најдобар клуб на Скопје, а Кочо Димитровски, Борче Брсаковски и Венислав Недев ја добија наградата за животно дело, додека најдобар професор по физичко е Мартин Мартиновски од ООУ „Партение Зографски“. Зоран Поповски е најдобар спортски судија, Ласте Димитриевски од Нова Македонија е најдобар спортски новинар, Перица Крстевски, Никола Тасев, Гордана Николовска се најдобри спортски работници и Дарко Каевски, директорот на Агенција за млади и спорт е најдобар општествено спортски работник/функционер.

Сојуз на спортови им порачува на сите да продолжат да го негуваат спортот и здравиот начин на живеење.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON