Бобан Илиоски на 3 декември ќе има уште еден голем професионален меч во фул контакт против Едуард Алексанјан од Бугарија на настанот Сенши 14 во Варна.
Борбата е по правилата на КВУ фул контакт во катгеоријата до 85 килограми.
Организаторот ги најавува како кикбоксери од светска класа.
Противникот на Илиоски е европски шампион во ВАКО про во К1.