Бобан Илиоски и Мите Ашкилов отпатуваа на СП во тајландски бокс во Бангкок

Македонската кик бокс маи таи репрезентација денеска отпатува на ИФМА Светско првенство во тајландски бокс во Бангкок, Тајланд, од 19 до 31 јули.

Боите на Македонија ќе ги бранат Бобан Илиоски и Мите Ашкилов, а со нив отпатува и тренерот Драган Атанасовски.

„Во интерес натпреварувачите, за да имаме повеќе средства за што повеќе борци, се откажав од патувањето на СП. Штета ќе беше да не отидат, бидејќи и двајцата се подготвуваа и беа на подготовки и во Тајланд и во Бугарија на камп. Сега се во најдобра форма која сигурно ќе донесе резултати за нашата земја“, изјави селекторот и претседателот на Федерацијата Дејан Митровски – Урко, нагласувајќи дека пари имало колку за човек ипол.

Да потсетиме дека Илисоки (-81 кг, Б класа) минатата година го освои сребрениот медал на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико.

Во борбата за златниот медал со Кинезот Чан Луо Илиоски беше поразен со еден поен разлика 29-28. Но, тоа беше голем успех за Бобан Илиоски, бидејќи прв пат настапи на мај тај првенство.

На првенството се очекува да настапат натпреварувачи од 112 земји.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON