Бобан Илиоски имаше професионално деби во боксерскиот ринг само како што може да се посака, извојува победа со прекин во втората рунда над Лука Сумарац од Србија.
Борбата се одржа во категоријата до 80 килограми во Белград.
„Боби извојува победа со прекин во втората рунда. Покажа извонредно смирена и цврста борба во која за цело време го контролирасе противникот и ја заврши борбата, како што е и препознатлив, со прекин“, изјави неговиот тренер Дејан Митровски – Урко.