Бобан Данов денеска забележа ефектна победа со туш над претставникот на Израел на Светското првенство – Казак кураси (Претседателски куп) во категоријата над 100 килограми. Ова првенство се одржува во Астана, Казахстан.
„Добро стартував. Во еден и за мене непознат спорт. Во второто коло утре ќе се бирам со Индиец, кој е малку потежок од мене. Јас сум оптимист“, вели Бобан Данов кој утре треба да се бори со Индиец.
https://www.facebook.com/boraciveteraninamakedonija/videos/1498858203500719/
Нагрдата за првото место е 100 илјади евра.
Вториот наш претставник Семир Авдиќ (-100 кг) загуби од Молдавец.
Ipon.mk/В.Д.