Балакнец го доби најголемото засливање со враќањето на душекот на својот репрезентативец Бобан Данов, кој дека вели ќе се збогува од репрезентацијата.
Бобан Данов, кој во 2оо5 година беше европски кадетски вицешампион, а лани на ЕП во кураш беше втор, седми на СП во самбо, годинава ќе се бори за матичниоот клуб Балканец по паузата што ја направи.
„Балканец е моја љубов. Во овој клуб ги доживеав најголемите успеси, минатото никогаш не го заборавам. Ќе се борам, иако сум во поодминати, но може да се каже и во најубавите години. Камо среќа во Македонија да има конкуренција во категоријата до 120 килограми. Можеби ќе има рекреативци, но не и квалитетни борачи. Ќе докажам дека немам конкуренција во оваа категорија. Нека повели кој сака на душекот, без туш нема да си замине. Сакам да кажам две работи- може на Изборното првенство ќе паузирам, но за Државното сум тука. Ова и заради тоа што веќе не би требало да настапувам за репрезентацијата. Сакам достоинствено да заминам од репрезентацијата. Можат да ми организираат и една средба за крај во репрезентативниот дрес. Време е за тоа. Секој спортист треба да знае до кога може да настапува за репрезентаџијата. Среќен сум што дадов многу за борењето. Можеби можев и повеќе. Гледам дека сега во Баланец има многу млади таленти.Тие се иднината на македионското борење“, вели Бобан Данов.
Ipon.mk/К.М.