Бобан Данов стана шампион и во џудо

Бобан Данов уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите тешкаши во нашата земја во боречките спортови, бидејќи овој пат стана државен првак во џудо.

Тој денеска на Државното првенство за сениори во Прилеп го освои првото место откако во финалето со ипон го совлада младиот и надежен џудист Марио Цинцароски.

По титулите во борење и самбо, во џудо му е трета на три државни шампионати.

Бобан ги бранеше боите на Работнички од Скопје, а за златото од голема помош му беше богатото искуство.

Един Дураковиќ освои бронза (100 кг), додека џудистите на Работнички освоија уште едно злато, но во пионерска конкуренција, како и едно сребро и три бронзи.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON